Index

3. Резултати од пребарување

За да го провериме и практичното значење на интернетот како извор на податоци решивме да извршиме и прелиминарно истражување за дава производа. Притоа се служевме со погоре наведените алатки, особено со општите интернет пребарувачи но и некои од другите WEB страни кои беа претставени.
Производите за кои што се решивме да пребаруваме се; козјото млеко и костените. Овие Football Betting Predictions и нивните преработки сметаме дека имаат одреден потенцијал за извоз од Македонија на Европскиот или Американскиот пазар. Притоа, нема да навлегуваме во изведување на одредени заклучоци туку само ќе ги презентираме и прокоментираме добиените информации и нивните извори.

3.1. Козјо млеко

Како резултат, при пребарувањето за козјо млеко, добивавме голем број на WEB страни, online публикации, PDF документи, и сл. поврзани со ова проблематика. Не беше едноставно од големиот куп на податоци да се дојде до оние кои навистина би помогнале да се спроведе едно прелиминарно истражување за козјото млеко и неговите производи.
Од документи што ги издвоивме, дел од податоците што можеме да ги сублимираме за оваа гранка се следните:

-светското производство на козјо млеко во 2002 год. е 12.3 милиони тони.(Канада 17 илјади тони во 2001 , САД 500 илјади тони во 1990,)
-постои постојан пораст на побарувачката за козјо млеко и козјо сирење во Јапонија, Азија, Австралија, Канада и САД.
-Канада во 2002 увезла 155 тони козјо сирење воглавно од Франција
-Австралија во 1998 увезла 1600 тони козјо сирење
-САД троши 1100 тони козјо сирење (550 тони увезени од Франција)(во 1992 )
-откупните цени на млекото се движат од 24 до 37 ден во Австралија и Нов зеланд, и од 12 до 42 ден во САД (Во САД козјото млеко е во просек за два пати поскапо од кравјото)
-козјото млеко се смета за поздраво и похранливо од кравјото
-козјото млеко се користи како замена за кравјото кај луѓе алергични на кравјо млеко
-потребно е да се обрне внимание на: квалитетот на млекото, здравјето и хигиената на козите.

Документите (публикациите) од кои што ги извлековме овие податоци се: „Specialty Goat Cheese“ by A.K. Stubbs and G.L. Abud 1998 , „Status Of The U.S. Dairy Goat Industry“George F. W. Haenlein 1995 , и „Canadian diary goat –Industry Profile“ Agriculture and Agri-Food Canada 2003 . Во нив можат да се најдат и други корисни информации.

Упатство за козјо млекопроизводство
„Diary Goat Manual“ by A.Sttubbs and G.Abud 2002

Го издвојуваме овој документ затоа што е посеопфатен и од понова дата. Наменет е за одгледувачите на кози во Австралија и како што кажува насловот претставува еден вид на упатство за успешно млекопроизводство.
Првито дел е посветен на перспективите на пазарот за козјо млеко во Австралија. Посебно се разгледуваат трите пазарни сегменти: Козјо млеко, Козјо сирење и Козјо млеко во прав.
Во продолжение авторите даваат комплетни инструкции за изградба и водење на фарма со кози осврнуваќи се на следниве точки:
- локација и уредување на фармата
- избор на грла
- систем и опрема за молзење
- хигиена, исхрана, здравствена грижа
- размножување и контрола на стадото.
- итн.

Сличен ваков документ е и „The Art of Creating a Goat Chese Business“ , 2001, од Carol Doeden и Marilin Schalke, со тоа што е посветен на малите производители во САД и е фокусиран на производството на сирење.

WEB страни

Постојат повеќе WEB страни на оваа тема но сепак би ја издвоиле сртаницата на Американската асоцијација за козјо млекопроизводство . Страната изобилува со податоци, линкови и други ресурси кои се однесуваат на козјото млекопроизводство.

Производи од козјо млеко

Козјото млеко поради својствата и хранливите состојки се повеќе се користи како замена за кравјото млеко.
Производи од козјо млеко што може да се сретнат на пазарат се на пример: пастеризирано млеко, млеко во прав, козјо сирење, путер, јогурт и сл. Во продолжение следуваат производи кои што може да се купат преку интернет:

 

Пастеризирано чоколадно козјо млеко

Марка: NANNY GOAT, Нов Зеланд
Намена: за конзумирање
Големина: 1литар
Цена: /


Козјо млеко во прав

Марка: Meyenberg
Намена: се раствара во вода и се пие
Големина: 115 g
Цена: $ 3.69

Козјо сирење во црево

Марка: Chevre, Франција
Намена: за конзумирање
Големина: 115 g
Цена: $ 3.59

Козјо сирење во луксузно пакување

Марка: WAPI, Аргентина
Намена: за конзумирање
Големина: 120 g
Цена: $ 4.49