Index

3.2. Костени

За разика од козјото млеко при пребарувањето за костените наидовме на значително помал број на податоци и инфорамции поврзани со овој производ. Сепак сметаме дека добиените податоци може да бидат доста корисни при евентуално производство преработка и продажба на овој производ. Еве некои од online Betting Predictions на кои наидовме:

Пазарни можности за костените.
(Проценка на интересот на Ексклузивните ресторани за преработките од костени)

Се работи за детлен извештај од истражувањето на пазарот за костени во САД спроведено од Институтот за земјоделие при Универзитетот на Небраска во 2002 година. Наменет е за постоечките и потенцијалните одгледувачи на костени во Ајова. Ова е највредниот документ на кој наидовме при пребарувањето за костените.
Можеме да заклучиме дека се работи за документ од извонредна важност за сите оние кои се заинтересирани да инвестираат во оваа дејност.
Важни информации кои што можеме да ги извлечеме од извештајот се:
- годишно светско производство на костени за годините од 1998 до 2001 (се движи до 980 илјади тони годишно).
- пооделно производство по држави за 25 најголеми производители
- годишно производство на некои од нашите соседи
- Кина е најголемиот прозводител со преку 50% од светското производство.
- Јапонија е најгоем увозник, цените се движат од $6 до $9 за килограм
- доминантна е продажбата на свежи нелупени костени.
- Италија е водечка во производството на преработени костени.
- побарувачката за сушени костени и костеново брашно е во пораст во САД
- САД произведува околу 5 илјади тони годишно и од прилика толку и увезува
- увоз во САД по земји увознички (Најголем дел од Италија преку 50%)
- моментално, потенцијалниот пазар се проценува на 20 илјади тони.
- Цените во големопродажба се движат од $3.33 до $6.66 за килограм во зависност од квалтетот.
- Цената на лупени и замрзнати костени достигнува и до $20 за кг.
- продажбата воглавно се одвива за божиќните празници кога и цените се највисоки
- со популаризација на костенот како производ се очекува цените да се намалуваат
- 4 главни атрибути за квалитет се; големината , лесно лупење, вкус, и процентуалниот однос на јатката и лушпата.
- Три главни пазарни сегменти се: Малопродажба , прехрамбената индустрија и угостителство.
- Производи: свежи, печени , сушени, замрзнати и лупени, пире, брашно, кандирани, и сл.
- Според спроведеното истражување, за угостителството најинтересен производ се замрзнатите лупени костени, за малопродажба производите спремни за конзумирање
- Технологија за лупење: Thermal Blast Peeling (во развој)

Извештајот содржи и многу други податоци кои можат да бидат од големо значење и затоа корисно е целиот да се прочита.
На крајот се наведени 6 препораки упатени до производителите на костени од Ајова и нивната асоцијација која го нарачала ова истражување.

Друг документ кој што го пронајдовме online е „Requirements for a United States Chestnut Industry“ кој што датира од 1988 година и зборува за тогашните перспективи на американскиот пазар на костени. Во него може да се најдат некои корисни информации на начинот на берба, складирањето и транспортот на костените.

Chestnut Growers web site

Се работи за WEB страна наменета е за одгледувачите на костени во америка. Содржи најразновидни информации поврзани со одгледувањето на костени како што се на пример; вести, техники на одгледување, разни истражувања, професионални асоцијации, линкови до сродни страници и итн.

Готвачки рецепти со костени

WEB страна (страни) на која, меѓу другите, се нудат и рецепти за приготвување на храна во која се содржани производи од костени. Оваа страна може да ни послужи како информација за видови на производи од костени кои се присутни на пазарот. Исто така рецептите би можеле да бидат од полза при евентуална промоција на некој од производите.

Производи од костени

Костените во продажба може да се најдат свежи, смрзнати и преработени. Преработените костени може да бидат печени, варени, костеново пире, костеново брашно и слично.
Еве некои од костеновите производи кои што се продаваат online:


Варени костени

Марка: Pointer, Франција
Намена: за јадење, приготвување на
традиционални филови
Големина: 500g
Цена: $ 10.10

Костеново брашно

Потекло: Италија
Намена:
приготвување на колачи и слатки без глутен
Големина: 500g
Цена: $ 7.48

Цели костени во конзерва

Потекло: Франција
Намена:
за варење или печење
Големина: 285g
Цена: $6.20

Костенов крем

Потекло: Калабриа, САД
Намена:
за конзумирање
Големина: 230g
Цена: $7.99

3.3. Краток коментар на добиените резултати

Општ впечаток е дека добиените резултати (податоци) за двете одбрани области имаат одредена вредност. Тие може да послужат како солидна основа за понатамошни истражувања и за евентуално инвестирање во двете дејности. Податоците може да им послужат и на оние кои воопшто не се занимавале, но и на оние кои што веќе се навлезени во соодветните гранки.
Мораме да забележиме дека она што недостасува во добиените резултати, се релевантни податоци кои се однесуваат на пазарите во Западна Европа. Поинаку кажано, податоците кои што се добиени се само од земји од англиско говорно подрачје. Според нас, тоа се должи на фактот што пребарувањето беше вршено само на англиски јазик а најверојатно одредени публикации се достапни само на јазиците на матичните држави.
Ова недвосмислено го наметнува прашањето на јазичната бариера како лимитирачки фактор во пребарувањето преку интернет. Проблемот донекаде може да се ублажи со користење на јазични алатки (online преведувачи) кои се достапни на интернет.Сепак познавањето на одредени странски јазици е незаменливо.
Добиените резултати укажуваат и на тоа дека козјото млеко и костените се дејности за кои во минатото не постоеле значајни истражувања и организирана поддшка во државите од каде што потекнуваат извештаите. Поради тоа, доколку пребаруваме за други производи, можеме да очекуваме дека ќе наидеме на поголем број на online публикации, WEB страни, извештаи и сл.

Заклучок

Несомнено, Интернет претставува огромен извор на секундарни податоци и информаци. Бројот на тие податоци расте постојано и со голема брзина. Се повеќе универзитети, институти, асоцијаци, библиотеки, компании, граѓански организации итн. своите истражувања, публикации, извештаи, постигнувања и сл ги објавуваат и на Интернет. Таквата тенденција ќе придонесе Итрернетот како извор на податоци да го заземе приматот во однос на другите класични извори.

Голем дел од податоците публикувани на Интернет можат да бидат од огромна корист и за бизнисмените и претприемачите. Интернетот како бизнис ресурс добива се поголемо значење и оние што тоа ќе го сватат и искористат ќе го подобрат своето работење и ќе ги зголемат профитите.

На прв поглед, се чини дека е едноставно и лесно да дојдеме до оние online податоци кои што ни се потребни. Напротив, пронаоѓањето на релевантните податоци може да биде навистина комплицирано и напорно.

Најлесно можеме да дојдеме до одредени податоци доколку познаваме една или повеќе WEB страници поврзани со конкретната проблематика. Но дури и во такви случаи, податоците кои што ги нудат овие страници може да бидат недоволни и несоодветни. Можеби некаде на друго место има посвежи и поквалитетни информации. Затоа, многу често ќе биде потребно да вршиме Интернет пребарување користејќи ги online алатките кои ни стојат на располагање.

Интернет пребарувањето, за да биде успешно, потребно е да биде добро обмислено и добро испланирано. Пред се, потребно е да ги познаваме алатките за пребарување и нивните можности. Понатаму, пребарувањето треба да се одвива повеќекратно затоа што првобитните резултати можеби ќе ни откријат нови извори, нови идеи и перспективи во понатамошното пребарување. Понекогаш ќе бидат потребни трпеливост и истрајност за да се дојде до вистинските информации. Сепак, треба и да внимаваме да не потрошиме премногу време пребарувајќи во купишта бескорисни податоци, а такви на интернет има премногу.

Пребарувањето на Интернет претставува вештина која, преку искуството, со тек на време се усовршува. Преку конкретни пребарувања ќе научиме да ги користиме вистинските клучни зборови, да ги вклучиме филтрите, да ги пронајдеме и користиме најсоодветните бизнис ориентирани сраници и да ги избереме вистинските извори и резултати.