Index

Вовед

Финансирањето е едно од најважните подрачја на поттикнивање на развојот на малите и средните претпријатија. Финансиската поддршка се смета за еден од клучените елементи и предуслови за креирање на општа претприемничка клима во секое стопанство.

Основен предизвик со кој се соочува секој претприемач при реализирање на својата бизнис идеја е обезбедување на финансиски средства. Претприемачот нема никогаш доволно пари. Финасирањето може да претставува проблем, особено доколку претприемачот не е доволно информиран за можностите и принципите на Football Betting Predictions.

Финансиските средства може да се обезбедат од разни извори, како што се: сопственате заштеда, роднини и пријатели, приватни инвеститори, банки, инвестициони фондови, владини институции, големи компании и т.н. Притоа, во основа има два начина на финансирање и тоа преку сопственички вложувања (equity capital) или преку кредитирање (debt capital). При финансирањето на сопствениот бизнис претприемачите целат да обезедат средства по најповолни услови а притоа да не ја изгубат сопственичката контрола врз својот бизнис.

Финансирањето на малите и средните претпријатија има одредени специфичности по кои се разликува од финансирањето на големите фирми. Поради спецификите а особено поради зголемениот ризик, финансиите за малите претприајтија се потешко достапни и достапни по понеповолни услови. И покрај тоа, со тек на време, особено во развиените земји се појавиле и развиле одредени форми на финансирање кои поаѓајќи од спецификите на малите и средни претпријатија се прилагодени токму на нивните потреби и можности.

Покрај класичниот начин на финансирање по пат на кредити, на претприемачите се повеќе на располагање им стојат и алтернативните форми на финансирање како што се лизингот, факторингот, трговскиот кредит, ризико капиталот, акцинерскиот капитал и.т.н.