Index

1. Извори на финансирање

Претприемачите за реализирање на своите идеи, пред се, треба да одредат колку финансиски средства им се потребни за реализација на соодветниот проект. Потоа треба да се одговори на прашањето како, кога и од кого ќе бидат обезбедени потребните средства.
Пред претприемачите стојат на располагање различни извори и форми за финансирање на нивните бизниси. Инвеститорите кои што ги даваат своите финансии на располагање, за возврат очекуваат соодветен Betting Predictions, а висината на тој надомест зависи од висината на присутниот ризик. Од друга страна пак, претприемачите се стремат да обезбедат сретства по што поповолни услови а воедно и да не ја изгубат управувачката контрола врз сопствениот бизнис.
Потребните сретствата за финансирање на постоечки или нов бизнис може да се обезбедат од разни извори како: сопствена заштеда, од роднини и пријатели, приватни инвеститори, банки, инвестициони фондови, владини институции, големи компании и т.н.
Изворите за финансирање на претпријатијата можеме да ги класифицираме на различни начини. Според една класификација, изворите може да се поделат на формални и неформални извори. Формални се сите оние извори на финасирање каде што сретствата се обезбедуваат преку официјални институции. Неформалните извори на средства доаѓаат од роднините, пријателите и приватните инвеститори и се особено значаен извор за финансирање на малите претпријатија, особено во нивниот почетен стадиум.
Според рокот на доспевање на обврската изворите можеме да ги поделиме на краткорочни, долгорочни и трајни извори на финансирање.
Една од најшироко распространетите и најприфатливи класификации на изворите за финансирање кој што се среќава во литература е нивна поделба на; Извори на сопственичко финансирање (Equity capital) и извори на должничко финансирање (Debt capital) (Види слика бр1).

Сопственичкиот капитал, без разлика дали се работи за вложени средства од претприемачот или од инвеститорите, во биланст на состојба се јавува како капитал на претприајтието и неговата цена на чинење се исплаќа во форма на дивиденда доколку при работењето претпријатието остварува добивка. Инвеститорите, покрај правото на дивиденда, се стекнуваат со сопственост на дел од претпријатието, пропорцинонално на висината на вложувањето при што имаат и право на управување и контрола на претпријатието.

Должничкото финансирање се остварува преку подигање на кредити од банките или од други кредитори, при што претпријатието се обврзува дека ќе ги врати сретствата во целост а воедно плаќа и камата како надомест за користење на туѓите финансиски сретства.