Index

Слика бр.1 Извори на финансирање

На ваквата поделба на изворите за финансирање се надоврзуваат и авторите Michael J. Roberts и Howard H. Stevenson . Тие изворите ги класифицираат во четири групи и тоа;

-START UP (почетно) финансирање,
-Надворешно сопственичко финансирање (Оutside еquity capital),
-Должничко финансирање (Debt capital) и
-Интерно генерирани извори на финансирање.

Сметаме дека ваквата класификација е најсоодветна за објаснување на можностите за финансирање на малите и средни претпријатија.

1.1. START-UP Финансирање

Првичните инвестиции во нова бизнис идеја најчесто се во форма на сопственички капитал. Финансирањето на новите фирми со себе носи најголем ризик. Од тие причини инвеститорите и банкте многу ретко се одлучуваат да ги финансираат бизнисите кои зад себе немаат никаква историја на успешно работење. Дури и кога се достапни некои форми на кредитирање потребно е одредено ниво на сопствен капитал за да тие бидат одобрени. Инвеститорите веруваат дека, особено на ова нај ризично ниво од работата на фирмите, претприемачите ќе бидат повеќе посветени на бизнисот доколку во него имаат вложено значителна сума на сопствен капитал.
Почетниот капитал за финансирање на бизнисот кој во Билансот на состојба фигурира како сопствен капитал, претприемачите може да го обезбедат од сопствените заштеди, со заложување на сопствен имот како куќа, стан или кола, потоа може да обезбедат позајмица од роднини пријатели или т.н. лихвари а можат да подигнат и потрошувачки кредит од банките или да ги користат погодностите од кредитните картички .
Според истражувањето на Националната Федерација на Независни Бизниси во САД, најзначаен извор за почетно (start up) финансирање се личните заштеди на претприемачите иако и другите извори не се за занемарување (Слика Бр.2). Според друго истражување, во САД и во Италија 90% од почетното финансирање потекнува од личните извори на претприемачите (сопствени заштеди и позајмици од роднини и пријатели). Останатите 10% доаѓаат од приватни инвеститори (бизнис ангели) кои често инвестираат во нови бизниси . Не е тешко да се претпостави дека и во Македонија значаен дел од почетниот капитал за финансирање на новите бизниси потекнува токму од овие Soccer Betting Predictions извори.

Слика бр.2 Извори за почетно финансирање и купување на постоечки бизниси

И покрај тоа што постојат специјализирани фондови кои обезбедуваат „семенски капитал“, повеќето инвестициони фондови бараат фирмите да ја премостат фазата на идеја и да почнат да остваруваат резултати пред да ја разгледаат можноста за нивно финансирање.