Index

1.4. Интерно генерирано финансирање

Како последна категорија за финансирање на претпријатијата се интерно генерираните извори кои се јавуваат откако бизнисот ќе започне со работа.
Еден начин да се зголеми работниот капитал е да се плаќаат обврските кон добавувачите во подолг рок од вообичаениот. Кога ваквиот начин на работа се практикува од добавувачот се нарекува Football Betting Predictions и за тоа добавувачот наплаќа одредена камата. Во одредени случаи кога фирмата навремено не ги исполнува своите обврските постои опасност добавувачот да ја прекине испораката на материјали. Ова е особено ризично кога се работи за добавувач на клучен ресурс.
Спротивна на оваа стратегија е да се генерираат сретства преку побарувањата од купувачи, т.е. да се убрза периодот на нивна наплата. Исто тако може и да се редуцира обртниот капитал врзан во други ставки како што се на пример залихите и готовината. Најрадикален начин да се генерира кеш е преку продавање на некое сретство на компанијата.
Друг спонтан извор на финансирање кој се јавува при работењето претставува и амортизацијата. И покрај тоа што амортизацијата фигурира како трошок во билансот на успех таа во сушност претставува ослободување на парични средства кои што се врзани во фиксните сретства на претпријатието и може да послужат за други намени.
Доколку претпријатието во својата работа остварува добивка, истата може да ја користи како извор за финансирање се додека не биде исплатена на сопствениците во форма на дивидиденда.