Index

2. Форми на финансирање значајни за малите и средни претпријатија

Како што неколку пати досега беше напоменато, финансирањето на малите претпријатија има свои специфики и се разликува од фиансирањето на големите компании. Главната Betting Predictions се состои во степенот на ризик што обично се поврзува со малите и средните претпријатија. Она што ги прави малите фирми особено ризични е следното:

-менаџментот. малите претпријатија многу често немаат добро обучен и искусен менаџмент;
-призводната програма. тие ретко имаат диверзифицирана програм, таа често се потпира на само еден производ или на една линија на производи;
-референца. ретко поседуваат референца на долгогодишен успешен бизнис а најчесто се работи за сосема нови бизниси;
-реномиран производ. производот на малите претпријатија многу често не е воведен на пазарот, а може да се работи и за сосема нов производ;
-обезбедување за финансиерот. малите претпријатија ретко имаат што да понудат како покритие за средствата (кредитот) што би ги добиле;
-подготвеност за соработка. сопствениците многу често не сакаат да мобилизираат финансиски средства преку емисија на акции, бидејќи не сакаат да ја делат сопственоста и контролата врз бизнисот.