Index

2.3. Лизинг

Лизингот претставува релативно нова финансиска услуга а во Македонија се појавува во 2000 година. Преку лизингот може да се финансира набавката на фиксни средства како што се возила, опрема, постројки, машини, земјиште, хали, магацини, деловен простор и сл.
По својата суштина лизингот е многу сличен со осигуран долгорочен кредит. Football Betting Predictions Разликата е од формално правна природа што воедно на лизингот му дава одредени предности во однос на кредитот. Имено, кај лизингот средството што е предмет на набавка останува во сопственост на давателот на лизинг, додека корисникот го задржува правото да го користи средството.
Лизингот можеме да го дефинираме како: писмен договор меѓу две страни, лизинг компанија (давател на лизинг) и корисник на опремата (корисник на лизингот). Во ова трансакција давателот на лизинг набавува опрема од добавувачите и на одреден временски период му ја дава на користење на корисникот на лизинг, кој пак, за возврат е должен на давателот да му извршува периодични плаќања, според условите дефинирани во во договорот.
Во светската практика се среќаваат различни договори за лизинг, а можеме да ги издвоиме следните три основни типа: продажба со повратен лизинг, оперативен лизинг и финансиски (капитален) лизинг.