Index

Продажба со повратен лизинг. Целта на овој тип на лизинг не е набавка на фиксни средства туку обезбедување на финансии. Имено, претпријаието што поседува одредено средство истото го продава на даваелот на лизинг а со него симултано заклучува лизинг аранжман. Преку ваквиот тип на лизинг продавачот на средството ја прима вредноста на средството од новиот Soccer Betting Predictions, а продаденото средство и понатаму го задржува на користење. За користењето на средството плаќа надомест на рати кој што треба да ја покрие продажната вредност на средството и пресметаната добивка на давателот на лизинг.

Оперативен лизинг. Оперативниот лизинг по својата природа е многу сличен со класичното изнајмување. При ваквиот лизинг корисникот го решава прашањето на финансирање и одржување на средството. Даватели на оперативан лизинг најчесто се фирми кои што произведуваат опрема, машини, возила и сл. Тие притоа преземаат обврска за одржување (сервисирање) на опремата, а трошоците за тоа се содржани во надоместокот за лизинг. Карактеристично за овој тип на лизинг е тоа што дадениот предмет под лизинг немора да се амортизира (исплати) во целост на траењето на аранжманот. Давателот на лизинг очекува вредноста на средството да ја покрие со дополнително давање под лизинг или продажба на истото. Друга карактеристика е постоење на клаузула за прекин на договорот или за замена на средството во случај на негова технолошка застареност.

Финансиски лизинг. Финансискиот лизинг се разликува од оперативниот лизинг според следните одлики: давателот на лизинг не ја презема обврската за одржување на средството, не постои можност за прекинување на аранжманот и во периодот на лизинг средството треба во целост да биде амортизирано (исплатено).
Давателот на финансиски лизинг, кој најчесто е специјализирана лизинг компанија, по претходен договор ја купува опремата од добавувачот и му ја отстапува на користење на корисникот на лизинг аранжманот. Корисникот оваа опрема ја користи во работењето и врз таа основа стакнува приход што му овозможува да ги исплаќа договорените обврски кон давателот на лизинг. Во периодот на отплата опремата останува во правна сопственост на лизинг компанијата. По истекот на договорот, корисникот на лизинг може да ја врати опремата на лизинг компанијата или да ја купи по цена која е значително пониска од очекуваната пазарна врадност. Најчесто во пракаса, договорот се прави така што со плаќање на последната лизинг рата, корисникот на лизингот автоматски станува и правен сопственик на предметот земен под лизинг.

Финансискиот лизинг и воопшто лизингот има одредени предности во однос на банкарските кредити како за давателот така и за корисникот на лизинг.
Специфичностите на лизинг аранжманот и големиот интерес од кориснцте им овозможва на лизинг компаниите да постигнат поголема ефикасност во работењето што автоматски значи и пониски цени на овој вид на финансиска услуга. Обезбедувањето од ризик кај лизингот е на високо ниво бидејќи средството е во сопственост на лизинг компанијата што овозможува побрза и поефикасна процедура на враќање на сретството во случај на неисполнување на обврските од страна на корисникот.
Други предности кај лизингот се и релативно едноставната документација и поедноставната и помала законска регулатива.