Index

Предностите за корисникот се состојат во тоа што лизингот најчесто е достапен без дополнителни средства за обезбедување бидејќи средството се наоѓа во сопственост на лизинг компанијата. Во земјите во транзиција често се бара и дополнително обезбедување, но и тоа е значително помало во однаос на традиционалното банкарско работење. Лизингот овозможува да се развие и започне бизнис со минимално почетно вложување (учество). Планот за отплата кај Betting Predictions може да биде усогласен на специфичните потреби на корисникот.
Една од најголемите предности на лизингот е и брзината на неговото одобрување и реализирање поради едноставните формализирани документи и процедури.
Сето ова лизингот го прави особено атрактивен и погоден за малите и средни претпријатија, како и за нови штотуку основани фирми кои често неможат да сметаат на други видови на финансирање.
Во Македонија моментално се активни две компании специјализирани за давање на лизиг услуги, а тоа се ЛБИС и Еуролизинг. Од нив само ЛБИС освен возила нуди можност и за набавка на опрема и машини. И двете компании наведуваат дека пречките за издавање на опрема и машини под лизинг лежат во законската регулатива т.е. во неможноста на брз начин да се дојде во повторно владение на средствата во случај на неисполнувањето на обврските од страна на корисницие .
Можноста да се набават недвижности преку лизинг не постои бидејќи законската регулатива во овој случај не го третира посебно лизингот и предизвикува дополнителни трошоци што го прават лизингот поскап и неатрактивн за корисниците. Од двете компании истакнуваат дека е потребно да се изврши промена на законите кои го третираат лизингот со цел оваа финансиска услуга во целост да профункционира и во нашата земја.