Index

Поддоговарање
Во одредени случаи наместо да се инвестира во производство на одреден произвот или услуга истите може да се обезбедат од други добавувачи. Притоа се избегнува потребата од дополнителни финансии.
Во одредени случаи обезбеувањето на услуги и производи од други фирми може да биде и поекономично отколку фирмата самата да инвестира. Таков е најчесто примерот со дистибуцијата каде што постојат Soccer Betting Predictions претпријатија кои што оваа усллуга ја обезбедуваат многу поефикасно и по пониски цени. Во други случаи ваква мерка може да биде од привремен карактер се додека не се обезбедат финансиски средства по поволни услови.

Бартер
Размената или бартерот (кај нас познат како компензациај) е доста применуван начин како да се дојде до потребните производи или услуги а притоа да не се плати со парични средства. Преку размената може и да се продобри асортиманот на производите а со тоа и да се зголеми продажбата.

Закупувачко учество
Доколку се здружат повеќе мали бизниси преку закупувачко учество може да обезбедат атрактивен деловен простор. Во овој случај не само што ќе ги поделат трошоците за закуп и некои други административни трошоци, фирмите ќе го покренат на повисоко ниво сопствениот имиџ и кредибилитет кај своите деловни соработници.

Покрај горенаведените форми на финансирање и креативните начини на обезбедување средства постојат и други нај различни начини преку кои може да се дојде до потребните финансии. Некои од овие форми се развиени и правно регулирани, други се одвиваат стихијно но сепак постојат.
Сосема очекувано би било, понудата на финансиски услуги и понатаму да се зголемува и обогатува а особено на оние форми кои што се наменети за малите и средни претприатија.
Ова особено се однесува на Р. Македонија каде што финансирањето на малите и среднте претприајтаија е сеуште на ниско ниво и покрај забележаните позитивни примери во таа насока.

 

Заклучок

Од досега кажаното можеме да заклучиме дека и покрај одредени потешкотии постои широка лепеза на можности за финансирање на малите и средните претпријатија.
Несомнено, на овој сегмент од пазарот на финансии потребна е голема иницијатива и поддршка од страна на валадата и владините институции. Имено, потребно е државата преку разни законски регулаативи, фондови, даночни олеснувања, конретни иницијативи и сл. директно да го поттикне и овозможи збогатувањето на финансиската понуда особено за малите и средни претпријатија.
Во развиените држави организираната подршка на финансирањето на малите претприатија постои многу одамна и благодарениe на тоа, но благодарение и на креативноста и активноста на самите претприемачи се развиле голем број на форми на финансирање кои што се поволни за финансирање на малите и средни претприајтија.
Сите овие форми на финасирање како што се: кредитите, лизингот, факторингот, трговскиот кредит, ризико капиталот, емисијата на акции и др., имаат различни карактеристики како што се цената, услвите на одобрување, права и обврски, рокови на доспевање и сл, и од големо значење е претприемачите да се добро информирани со цел да можат да ги изберат оние форми кои што се нај поволни и најдобро им одговараат на потребите и можностите.
Во нашата држава наведените форми на финансирање или не се воопшто присутни или се во својот зародиш. Од особено големо значење би било доколку владата на Р. Македонија преку зголемена активност го овозможи и поттикне понатамошниот развој на сите форми на финансирање а особено на оние кои може значително да придонесат во развојот на претприемништвото.