Index

Фирмите за ризико капитал годишно добиваат и преку 1000 барања за финансирање. Најверојатно, 90% од овие барања ќе бида брзо одбиени поради тоа што не се вклопуваат во критериумите на инвеститорот или едноствано поради лошо изготвениот предлог за инвестирање. Останатите 10% од проектите ќе бидат внимателно и детално испитани за да на крајот се инвестира во еден или два проекта.
Повеќе од јасно е дека претприемачите кои што ќе сакаат сериозно да им пристапат на фирмите за Venture Capital освен атрактивна бизнис идеја ќе мора да имаат изготвено и солиден бизнис план. Во бизнис палнот претприемачот треба во детали да ја образложи својата бизнис идеја а воедно треба да ги наведе и сите останати релевантни податоци кои што ги бараат ризико капиталистите.
Елементите кои што треба да се содржани во планот најчесто се однесуваат на: мисија и цел на проектот, историја на фирмата, финансиска конструкција, опис на производите и услугите, маркетинг стратегија, финансиски извештаи, биографии на менаџерите, клучни купувачи и добавувачи, антиципирани проблеми, SWOT анализа итн.
Ризико капиталистите, ризикот што е присутен во оваа дејност го разводнуваат на тој начин што креират портфолио на инвестиции. Тоа значи дека инвестираат во повеќе различни проекти од различни дејности. Некои од овие проекти ќе остварат висок раст, но не сите. Имено, се смета дека од десет проекти во кои ќе се инвестира три ќе бидат успешни, дури спекакуларни, три ќе пропаднат а четири ќе се развијат во просечни или т.н. заспани бисниси (sleepers). Ризико капиталистите својот профит го базираат токму на првите три успешни бизниси. Некои од овие бизниси ќе освтарат поврат на инвестициите и три до пет пати во рок од пет до седум години.
Крајната цел на фирмите за ризико капитал е да ги оплодат своите сретства во рок од пет до седум години и да го напуштат проектот во кој што инвестирале преку продажба на своите акции (удели). Акциите може да ги понудат на претприемачот, на други лица или на јавна берза. Затоа, можноста да се продаде бизнисот/акциите е уште еден значаен критерум при донесување на одлуката за финансирање.
Исто така значајно е да се наведе дека не сите ризико фирми инвестираат на чисто сопственичка основа. Имено, тие може да побараат комбиниран пакет од долг и сопствеинчки влог, конвертибилен долг или конвертибилни приоритетни акции.

б) Инвестициони фондови

Инвестиционите фондови за разлика од фирмите за ризико капитал се формирани од инситуционални средства и нивна основна намена е да го помагаат развојот на малите и средните претпријатија. Нив најчесто ги формираат влади или владини институции со цел да помогнат во развојот на одредени региони или држави.
Принципите на кои функционираат овие фондови се исти како и кај ризико фирмите со таа разлика што крајна цел не е прфитот туку економскиот развој. Од тие причини Инвестиционите фондови се решаваат да финансираат и во проекти кои што нудат помали стапки на принос но се од општ интерес за економскиот развој. Освен дејностите кои вклучуваат високи технологи и ветуваат Betting Predictions раст се помагаат и традиционалните гранки како што се земјоделието, прехрамбената индустрија, рударството, услужнте дејности и сл.
Во нашата држава единствен Инвестиционен фонд кој што во моментов функционира е SEAF, фонд основан од USAID (Американска агенција за меѓународен развој, IFC (Меѓународна финансиска корпорација), EBRD (Европска банка за реконструкција и развој) и ДЕГ (Германска корпорација за инвестирање и развој).
Целта на SEAF/Македонија е да го помогне развојот на малото стопанство во Република Македонија. SEAF финансира проекти во вредност од 200 000 УСД до 1 милиони УСД со учество од 20% до 49% во сопственичката структура на претпријатијата.
Во своето досегашно работење SEAF има финансирано во 15 проекти од различни дејности меѓу кои се: Дневник, ОН-нет, Тинекс, Логин системи, МакоМаркет, Насто, Пилко итн .
Во групата на Инвестициони Фондови можеме да ги вброиме и американските Корпорации за инвестирање во мали бизниси (SBICs) . Се работи за корпорации формирани од приваитни средства а се организирани и функционираат врз основа на специјален закон за инвестирање во мали претпријатија донесен од конгресот на САД во далечната 1958г . Основна цел на овој закон е да ги мотивира приватните ивеститори да го финансираат претприемништвото преку одредени поволности. За возврат SBICs мора да инвестираат само во микро и мали претпријатија и ќе бидат под постојан надзор на Администрацијата за Мал Бизнис (SBA). Ваквите корпорации функционираат на истите принципи како и фирмите за ризико капитал и се профитно ориентирани.