Index

а) Venture capital фирми

Во фирми за ризико капитал ги вбројуваме типичните претставници на овој извор на сретства како што на пример се т.н. Традиционални Партнерства. Се работи за компани основани од богати фамилии чија цел е да инвестираат дел од своите слободни фондови во мали и средни претпријатија.
Основна карактеристика на овие Soccer Betting Predictions е што тие инвестираат исклучиво во фирми со висок потенцијал за раст. При изборот на фирмите клучна улога не игра дејноста, но нај често се финансираат фирми кои што вклучуваат висока технологија како што се компјутерски хардвер и софтвер, телекомуникации, биотехнологија и сл. Другите дејности не се исклучени но притоа од нив се очекуваат високи приноси.
Повеќето од фирмите за ризико капитал се заинтересирани за вложување во проекти кои што имаат потреба за средства од 250 000 УСД до 1 500 000 УСД . Проектите кои што побаруваат помалку од 250 000 УСД се помалку атрактивни поради административните трошоци и високите трошоците за испитување на исплатливоста на проектот. Меѓутоа, некои ризико фирми ќе разгледаат и барања за помалку средства доколку проектот е доволно интригантен и интересен.
Покрај тоа што обезбедуаат финансиски средства, фирмите за Venture Capital имаат и значајна советодавна улога за своите портфолио компании. Тие имаат поминато низ разни ситуации многу пати за разлика од претприемачите кои што се соочуваат со некои проблеми за прв пат. Тоа е од особено значење во почетната start-up фаза. Фирмите за ризико капитал на располагање имаат советници, стручњаци, експерти од нај различни области кои што можат да им бидат од голема корист на малите и средни претпријатија.
Како што беше преходно наведено ризико капиталистите немаат намера целосно да го преземат управувањето и раководењето се фирмите во кои што инвестираат. Тие нити имаат тенхичка експертиза нити доволно менаџери да водат голем број на мали претпријатија од различни дејности. Тие повеќе преферираат да ја остават оперативната контрола во рацете на постоечкиот менаџмент. Тоа е така поради тоа што покрај во идејата, ризико капиталистите пред се веруваат во стручноста и способностите на менаџерскиот тим.
Сепак, фирмите за ризико капитал сакаат да партиципираат во стратегиското одлучување и контролата на работата во фирмите во кои што инвестираат. Затоа, тие ќе побараат барем еден нивни човек да биде во врвниот менаџмент на фирмата, а најчесто инсистираат тоа да биде финансискиот менаџер. Менаџерите вклучени од страна на инвеститорот немаат само контролна улога туку можат значително да придонесат и во подобрувањето на перформансите на фирмата бидејќи се работи за стручни лица.
Ризико капиталот е високо ризичен бизнис, бидејќи е навистина тешко да се процени вистинскиот потенцијал на фирмите кои што се во своите рани фази од развој. Поради тоа повеќето ризико фирми поставуваат високи критериуми и строги процедури при изборот на проекти за финансирање.